logo
logo
logo

Објавени документите за Епстејн, обвинителката: Ги има илјадници, ФБИ не ги испрати

Vecer | 28.02.2025

Објавени документите за Епстејн, обвинителката: Ги има илјадници, ФБИ не ги испрати

Станува збор за списоци на летови и адресар со телефонски броеви, кои претходно беа јавно објавени. Поголемиот дел од податоците се затемнети.

Меѓу познатите луѓе кои се дружеле со него се Мик Џегер, Мајкл Џексон, Алек Болдвин, Етел Кенеди - мајка на Роберт Ф.

На листата се и Боб Вајнстин, брат на Харви Вајнстин, Дејвид Кох, сенаторот Тед Кенеди, Ралф Фајнс, Кери Кенеди; Алан Дершовиц, Џон Кери, Дастин Хофман, Џон Хантсман, Ивана Трамп, Иванка Трамп и Елизабет Харли.

Во  соопштението од американското министерство за правда се вели дека јавниот обвинител Памела Бонди, во соработка со Федералното биро за истраги  декласифицираше и јавно објави документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстејн и за неговата сексуална експлоатација на повеќе од 250 малолетни девојчиња во неговите домови во Њујорк и Флорида, како и на други локации.

Првата фаза од декласифицираните документи главно содржи документи кои претходно беа обелоденети, но никогаш официјално не беа објавени од владата на соединетите држави.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk