logo
logo
logo

Нуркач ОБЕЗГЛАВЕН од ајкула во Мексико

Vecer | 29.01.2023

Нуркач ОБЕЗГЛАВЕН од ајкула во Мексико

Голема  бела ајкула со должина од 5,8 метри му ја одгриза главата на нуркач во Мексико во првиот фатален напад на ајкула оваа година во областа, јавуваат американските медиуми.

Мануел Лопез нуркал за да собира мекотели во заливот Тобари кога бил нападнат и убиен пред очите на тамошните рибари.

„Тој нуркаше кога ајкулата го нападна, му ја одгриза главата и го касна за двете рамена“, изјави Хозе Бернал за еден локален медиум, додавајќи дека нуркачите биле предупредени за ајкули, а многумина не нуркале.

Сепак, Лопез решил да продолжи со нуркање и покрај предупредувањето бидејќи морал да заработи за живот и сакал да ја искористи зголемената побарувачка поради недостигот на морска храна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk