logo
logo
logo

ЕВЕ ЈА НОВАТА КОЛЕКЦИЈА ЕСЕН-ЗИМА НА ФЕШН ГРУП: Модни парчиња што секој треба да ги има (ФОТО)

Vecer | 23.09.2022

ЕВЕ ЈА НОВАТА КОЛЕКЦИЈА ЕСЕН-ЗИМА НА ФЕШН ГРУП: Модни парчиња што секој треба да ги има (ФОТО)

Температурите паѓаат, затоа е време да го обновите вашиот гардеробер со впечатливи есенски бои, а синото и жолтото се она што ви е потребно за да изгледате незаборавно во секоја прилика. За мажите пак оваа сезона се враќа трендот на храбри комбинации во секогаш посакуваната црвена и розева боја.

„Оваа есен во нашите продавници во моловите Ист Гејт и Сити Мол пристигна новата модна сензација каде се осврнуваме на колоритните комбинации со кои без сомнеж нема да останете незабележани. Освежете го вашиот гардеробер со ултра модерни парчиња за вас и вашите најблиските, кои може да ги најдете и онлајн во нашиот e-shop fashiongroup.com.mk или на бесплатната апликација.“ вели тимот од Fashion Group.

Време е да си поиграте со темпераментниот и ведар дух на боите за да ја развеселите есента.

Бидете забележани на секое вечерно излегување во новите парчиња на Desigual, уникатната жолта јакна и здолниште искомбинирајте ги со потпетици Steve Madden во индиго сина боја од новата колекција достапна во продавниците на Fashion&Friends.

Женствениот предзнак е секогаш нагласен, најчесто преку изборот на елегантни модни додатоци од накитот од Parfois.

За дневните прошетки или пак кафе со пријателите уживајте во елегатната конфорност на пантолони и кошули на италијанскиот бренд Dan John, а навечер оставете силен впечаток во розовото Bitsiani палто.

Springfiled чизмите се “must“ парче кое треба да го обновите во вашиот ормар на кои буквално секоја девојка не може да им одолее.

За сите урбани и лежерни комбинации секогаш нашиот прв избор би бил SuperDry. Додека пак за најмалите ги имате веселите парчиња на Okaidi, Mango kids и неодоливата детска колекција на Guess.

Во вашата омилена мултибренд продавница Fashion&Friends ве очекуваат сите фаворити за оваа сезона.

Оваа есен, заблескајте во сите шик модели со Fashion group! Ви ветуваме дека и оваа сезона со себе ќе донесе посебна магија и супер стилски денови со нашите брендови.

Фотографиите од сесијата се направени од Бојан Стоилковски во продукција на Fashion Group.

 

 

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk