- Ова претставува нова урбана туристичка приказна, со впечатливи елементи, кои остануваат траен белег за Берово и за фудбалскиот клуб Малеш. Ова, е уште еден проект, за поубаво и поурбано Берово, што е наш приоритет, а што ќе дава еден поразличен и повпечатлив сјај, истакна градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.
За реализација на активноста Качулачки доби поддршка од Министерството за култура.
- Вредноста на авторското дело изнесува 167.550,00 денари, од кои 59.000,00 денари се обезбедени од Министерството за култура и туризам, а останатите од Буџетот на Општина Берово за 2024 година, додадњ Пекевски.
Активноста се реализира по претходна апликација преку Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во културата, од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајн./МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата