logo
logo
logo

Норвешка реклама со Дедо Мраз го подели светот

Vecer | 25.11.2021

Норвешка реклама со Дедо Мраз го подели светот

Рекламата го прикажува раѓањето на љубовта помеѓу маж по име Хари и Дедо Мраз. Рекламата е направена по повод 50 години декриминализација на хомосексуалноста во Норвешка.

Насловот на рекламата е Кога Хари го запозна Дедо Мраз, што е асоцијација на популарниот филм Кога Хари ја запозна Сали. Приказната ја следи нивната прва средба, кога еден човек случајно го наоѓа Дедо Мраз како му остава подароци, а потоа секоја година нетрпеливо чека повторно да го види.

Двојката секоја година се зближува за време на кратките божиќни состаноци, а во еден момент може да се види Хари како плаче по заминувањето на Дедо Мраз со реченицата „Ќе ми недостигаш“. Следната година, тој му напишал писмо на Дедо Мраз со порака: „Сè што сакам за Божиќ си ти“.

Следната сцена го прикажува Хари како го чека Дедо Мраз покрај каминот кога одеднаш слуша ѕвонче. Подароците му ги доставува поштенската служба Постен. На враќање во дневната соба, го наоѓа Дедо Мраз како му вели „Па, договорив помош оваа година... за да бидам со тебе“, по што паѓа бакнеж.

„2022. Норвешка слави 50 години како можеме да сакаме кого сакаме“, се вели во пораката на крајот од рекламата.

Рекламата е прегледана милиони пати на YouTube, а многумина ја споделуваат на социјалните мрежи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk