logo
logo
logo

Ноктите не ги исекла 25 години, станала ГИНИСОВА рекордерка: Дури сега ја открила ШОКАНТНАТА ВИСТИНА

Vecer | 05.08.2022

Ноктите не ги исекла 25 години, станала ГИНИСОВА рекордерка: Дури сега ја открила ШОКАНТНАТА ВИСТИНА

Невообичаеното „хоби“ за пуштање нокти и нивно украсување ја смести на почесните страници на Гинисовата книга на рекорди како шампионка со најдолги нокти.

Дијана официјално е жената со најдолги нокти во историјата. Според Гинис, нејзиниот најдолг нокт (на палецот) е еден метар и 38 см. Како што рекла, последен пат ги исекла ноктите во 1997 година, а престанала да ги обликува и скратува по смртта на нејзината ќерка, која починала на 16 години во текот на ноќта поради тежок напад на астма.

Дијана рекла дека таа и нејзината ќерка Латиша имале ритуал на средување на ноктите и дека нејзината ќерка секогаш и правела маникир. По нејзината смрт, таа си ветила дека никогаш повеќе нема да ги исече.

 

 

„Секогаш кога размислувам да ги отсечам, се згрозувам и ја чувствувам тагата и очајот што ги почувствував на денот кога таа почина. Не сакам да поминувам низ тоа, па ги оставам такви какви што се. Така се чувствувам поблиску“, изјави Дијана на Фокс.

Таа додава дека не ги пуштила за да влезат во Гинисовата книга на рекорди и дека не сака луѓето да ја осудуваат бидејќи не знаат низ што поминала.

Со оглед на тоа дека должината на ноктите во просек е над еден метар, секоја нормална дневна рутина е предизвик. Бидејќи не може да земе одредени работи во раце, почнала да ги користи стапалата. Престанала да вози поради ноктите.

Дијана им дозволува на внуците да и ги средуваат ноктите додека им се фали дека е Гинисова рекордерка.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk