logo
logo
logo

Nikon Z5 II прогласенa за НАЈДОБРА КАМЕРА ЗА ВАШИТЕ ПАРИ за 2025-та и уште четири други награди за NIKON

Vecer | 16.08.2025

Nikon Z5 II прогласенa за НАЈДОБРА КАМЕРА ЗА ВАШИТЕ ПАРИ за 2025-та и уште четири други награди за NIKON

EISA е единствена асоцијација на 54 списанија и веб-страници со посебен интерес од 27 земји. Меѓународно позната по наградите за експертска обработка на слика и звук, EISA започна во 1982 година кога главните уредници од пет европски фотографски списанија се собраа за прв пат да ја изберат „Камерата на годината“. Тие немаа поим дека од овој состанок ќе произлезе EISA - Европското здружение за обработка на слика и звук - неколку години подоцна. 

Гидишните награди на EISA се сметаат за референца во индустријата, се делат во различни категории и значат најголема препорака до потрошувачите па затоа на кутиите од производите, доколку тој добил награда, се истакнува дека е награден од EISA.

Nikon Z5 II е прогласен за јадбоар фотоапарат/камера за вашите пари, односно за најдобар производ во однос на цената.

Најпознатиот и најчитан портал за потокамери Dpreview.com на Nikon Z5 II му даде рејтинг оценка 91 од можни 100. и така го стави во врвот со модели кои се дупло поскапи од него.

“Nikon Z5II е речиси незамисливо добар за фотоапарат со цена под 2000 долари. Претходните модели во овој ценовен опсег имаа тенденција да бидат значително скратени верзии на поскапи фотоапарати, составени од постара технологија или едноставно беа прилично стари модели препозиционирани на пониско ниво, по истекот на нивните датуми на употреба. Тоа не е случај со Z5II.

Z5II е импресивен сестран фотоапарат кој нуди одличен квалитет на слика и добро видео, поткрепени со многу добар автофокус во тело кое е добро дизајнирано и удобно за употреба. Како и со секој фотоапарат со целосен кадар, многу од објективите се доста големи (и скапи), но тоа е цената што ја плаќате за придобивките од квалитетот на сликата... Пишува Dpreview.com во својата реценција.

Nikon освои од EISA уште четири други награди на за 2025 година:

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk