logo
logo
logo

Никола Тесла секој ден имал ИСТ ПОЈАДОК, а МЕСО јадел САМО два пати годишно

Vecer | 04.04.2022

Никола Тесла секој ден имал ИСТ ПОЈАДОК, а МЕСО јадел САМО два пати годишно

Знаеме дека Тесла е еден од најголемите умови на човештвото, но сепак е енигма што јадел и во која храна ја барал многу потребната енергија. Самиот Тесла го открил тоа во книгата „Моите пронајдоци: Автобиографија на Никола Тесла“, наведувајќи дека обично јадел јајца и млеко за појадок, го прескокнувал ручекот, а особено сакал супа од зеленчук.

„Најважниот елемент од мојата животна шема е мојата исхрана. „Не можете да очекувате дека машината ќе работи добро ако не и обезбедите соодветно гориво“, велел Тесла.

Тој истакнувал дека со текот на времето сфатил отидва оброка дневно му се сосема доволни.

„Два оброци дневно ми го подобрија здравјето и ми го изострија апетитот и вкусот. Не знаев што е животот додека не го исклучив ручекот од исхраната. Денес, на 78-годишна возраст, уживам во двата оброци во иста мера како кога бев 16-годишно момче и немам проблеми со варењето“, се пренесуваат зборовите на Тесла на веб-страницата на Tesla Universe.

Чорба од кромид и целер

За појадок сакал да пие млеко бидејќи е богато со протеини и да јаде јајца, особено белки бидејќи и тие се богати со протеини. Сакал и ориз, но не и сирење.

„Зеленчукот е неопходен, иако не содржи многу протеини. Не дава многу енергија, но ги регулира цревата, му дава на телото витамини. Сакам да јадам убава супа од кромид и сечкан целер подготвена со многу путер. Оваа комбинација лесно се вари и ја јадам со години“.

Тесла го фалел и овошјето, па велел дека шеќерот не е опасен во мали количини, но не смееме да заборавиме дека го има многу во овошјето.

Месо јадел два пати годишно

На прашањето дали е вегетаријанец или не, Тесла велел: „Јадам месо многу ретко, еднаш или двапати годишно. Богато е со протеини, но рибата е речиси подеднакво богата со протеини и масти и многу полесно се вари. Фосфорот што го содржи е одличен за нервниот систем. Но, фосфорот, додека го храни мозокот, предизвикува киселост во телото. И месото и рибата ни даваат брза енергија. Овие намирници им се неопходни на луѓето од одредени професии, иако ни го скратуваат животот поради нивниот состав. Меѓутоа, додека сме живи, тие ни даваат многу енергија“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk