logo
logo
logo

Ни Дајана ни Кејт: Најскапата венчаница во историјата ја носела Летиција, а не е фустан од бајките

Vecer | 22.06.2021

Ни Дајана ни Кејт: Најскапата венчаница во историјата ја носела Летиција, а не е фустан од бајките

Кога се зборува за кралските венчавки, обично како први се наметнуваат оние на Дајана Спенсер и принцот Чарлс или денот кога нивниот син Вилијам ја ожени убавата Кејт Мидлтон.

Сепак, кога станува збор за венчаниците на овие две Британки, тие со својата цена не можат ниту да и пријдат на онаа во која се омажи кралицата Летиција од Шпанија! И додека фустанот на Дајана со потписот на Дејвид и Елизабет Емануел чинела околу 115 000 долари, а на Кејт околу 434 000 долари. Венчаницата на Кејт беше од модната куќа Александер Меквин, која ја креираше Сара Бартон. За венчаницата на кралицата Летиција биле издвоени неверојатни 6.600.000 евра!

Ова интересно парче во кое таа се омажи за шпанскио крал ФелипеVI (тогаш принц од Астурија) го дизајнирал Мануел Пертегаз, кој тогаш имал 80 години.

Станува збор за фустан од свила што го красат лилјани извесени со златни и сребрени нишки, а шлепот е заоблен и долг, иако значително пократок од оној на лејди Ди. Ракавите се долги, деколтето умерено, а тука се и по малку ексцентричните укаси во вид на ревер. Кралицата за оваа прилика од мајката на Фелипе, Софија ја позајмила пруската тијара со дијаманти, а идниот сопруг и го дарувал велот долг три, а широк два метри.

Што мислите, вреди ли толку пари?

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk