logo
logo
logo

НЕВИДЛИВ УБИЕЦ БЕЗ МИРИС И ВКУС: Ова се симптоми на труење со гас!

Vecer | 09.02.2021

НЕВИДЛИВ УБИЕЦ БЕЗ МИРИС И ВКУС: Ова се симптоми на труење со гас!

Познатата водителка Николина Пишек пред неколку дена преживеала вистински хорор и таа и ќерка и едвај спасиле глава. Имено, во куќата во која живее пукнала цевка од системот за греење, па таа и Уна, се затруле со јаглен моноксид.

Водителката по неколку дена излегла од болница, додека малата Уна се уште е хоспитализирана и се опоравува.

Затоа е важно да знаеме дека никој не е безбеден од труење со јаглен моноксид, иако многумина мислат дека тоа било „проблем“ само во минатотот бидејќи сега инсталаицијата е модернизирана. Со оглед на тоа дека тој нема ни боја, ни мирис, ни вкус - со причина го носи името невидлив убиец.

Симптоми на труење 

Со оглед на тоа дека симптомите се слични како оние на грип, само без температура, за жал, често се случува луѓето да помислат дека имаат грип и не реагираат.

  • главоболка
  • конфузија
  • несвестица
  • слабо расудување
  • бизарно однесување
  • краток здив
  • плитко дишење
  • престанок на дишењето
  • болка во градите
  • мачнина и повраќање
  • абнормални отчукувања на срцето
  • брзи отчукувања на срцето
  • низок крвен притисок
  • хиперактивност
  • конвулзии
  • кома
  • шок

Што да се стори во случај на труење?

Третман на лице место: личноста да се изнесе на воздух и да се проветри просторијата. Веднаш повикајте брза помош. Ако личноста не дише, применете вештачко дишење. Опоравувањето е често бавно и мачно, а можни се и последици во зависност од јачината на труењето и времето на изложеност на гасот, во вид на трајно оштетување на мозокот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk