logo
logo
logo

Неверојатно: Свињи се качија на дрво за да се засладат со праски (ВИДЕО)

Vecer | 26.07.2024

Неверојатно: Свињи се качија на дрво за да се засладат со праски (ВИДЕО)

Во 2023 година еден човек засадил дрвца на неколку хектари и вложил значителни средства. Кога ги фатил крадците на дело, ги снимал со телефон, бидејќи тешко дека ќе му веруваат на збор.

Веднаш да нагласиме дека на TikTok има дискусија за видеото - поточно дали е лажно. Тоа не треба да чуди бидејќи сме сведоци дека глобалната мрежа е „преплавена“ со разни монтажи кои се сервираат како „автентични“.

@laohui989 ♬ Originalton - Laohui989

Од друга страна, шпанскиот портал Клуб Каза објави сторија во која се наведува дека штетите што ги предизвикуваат свињите во земјоделството не се ограничени само на земјоделските култури или овошките кои завршуваат на земја.

„Сезоната на праски во Шпанија трае од мај до октомври. И покрај тоа што се нискокалорична храна, свињите ги избираат за да ја згаснат жедта. Повеќе од 80% од содржината на праската е вода“, се вели во извештајот.

Несреќниот фармер од Салем вложил 4.000 евра по хектар, а потоа сфатил дека свињите изеле добар дел од родот.

„Животното се качи на дрвото, каде што е најзрел плодот. Очигледно не сакаше да се занимава со плодовите на земјата“, заклучува шпанскиот портал.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk