logo
logo
logo

Неверојатно откритие од НАСА: За две години Земјата ќе биде покриена со целосна темнина

Vecer | 10.12.2025

Неверојатно откритие од НАСА: За две години Земјата ќе биде покриена со целосна темнина

Тоа ќе биде најдолгото целосно сончево затемнување во последните сто години, официјално потврди НАСА.

Ова затемнување што треба да се случи во 2027 година, со својата посебност, на волшебен начин ќе го надмине и затемнувањето кое во април 2024 го покри небото на Северна Америка, а траеше само 4 минути и 28 секунди, додека пак затемнувањето што треба да се случи во Шпанија во 2026 ќе трае само 1 минута и 43 секунди.

Според НАСА, целосна темнина најпрво ќе ги опфати Мароко и Јужна Шпанија, потоа ќе продолжи кон Алжир, Тунис, Либија, Египет и Саудиска Арабија, завршувајќи во Јемен и крајбрежниот дел на Сомалија.

Најдолго затемнување ќе се почувствува во Египет, особено во Луксор и Асуан – древни градови со илјадници години историја, кои ќе бидат сведоци на „затемнување на векот“.

НАСА потенцира дека сончевото затемнување нема никакво влијание врз здравјето, времето или функционирањето на планетата. Станува збор за спектакл што едноставно не смее да се пропушти. Всушност, тоа е сосема природна и предвидлива астрономска појава, слична на оние што се случуваат и на други небесни тела, вклучувајќи го Марс и Месечината.

Во текот на овој век ќе се случат само неколку слични затемнувања, оддалечени со децении, но затемнувањето во 2027 година ќе биде најдолгото затемнување досега.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk