Елизабет Тејлор се мажела осум пати, а на Ричард Бартон два пати му рекла ДА. Првиот во еден од дотогаш најинтересните венчални фустани што светот ги видел.
Во една прилика славната актерка рекла дека за неа бракот бил синоним за љубов, што и би можело да го објасни тоа дека е холивудска рекордерка по бројот на бракови. Сепак, за љубов на нејзиниот живот обично се споменува Ричард Бартон, колега со кого се запознала на снимањето на филмот Клеопатра во 1962 година Почнале врска додека биле во бракови, а неверството го осудил дури и Ватикан.
Но ним не им било гајле за коментарите, критиките, навредите - уживале во љубовта. Откако се развеле од претходните партнери, организирале интимна венчавка во 1964 во Монтреал. Но далеку од тоа дека славната Лиз дури и на скромна венчавка би се појавила во обично издание.
Ја замолила Ирена Шараф, костимографка со која соработувала на филмот „Клеопатра“ да и го дизајнира фустанот, а таа ја одушевила од ремек-делото од свила и шифон со долги ракави, мини должина и симпатична панделка под градите. Имало уште нешто: жолта боја!
Со оглед на верувањето во многу краеви од светот дека жолтата боја на венчавка носи несреќа, многумина однапред твределе дека љубовта на Бартон и Тејлор е осудена на пропаст, а десет години подоцна и се покажало дека има вистина во тоа. Иако фустанот малку имал врска со тоа, до денес останал еден од најозлогласените во Холивуд.
Но и покрај се тука не бил крајот на љубовта. Веќе следната, 1975, година актерите се смириле и повторно се венчале. Но во 1976 ставиле дефинитивно точка на брачниот живот.
После тоа Тејлор се омажила уште два пати и се верила исто толку пати, но без да се мажи. Таква љубов како со Ричард Бартон повеќе не доживеала.
- После Ричард мажите во мојот живот беа тука само за да ми придржат капт или да ми отворат врата. Сите после него всушност беа само друштво, рекла години подоцна.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата