Курт Малпас од Теан во Стафордшир, Англија, денес има 26 години, заработува 10.000 фунти месечно, вози автомобил од 30.000 фунти, а го напуштил училиштето на 16 години. Сите се прашуваат како е можно тој да заработи толкава сума на пари, а се занимава со ѕидање.
Иако нема потврда за завршено средно училиште, вели дека добро се живее од ѕидање. Работел во позната компанија до својата деветнаесетта година кога отворил своја фирма, по што успеал да купи куќа со три спални соби вредна 110.000 фунти и вози луксузен и скап автомобил ауди А8, пренесува „Јутарњи лист“.
Тој е добро познат и на социјалната мрежа „ТикТок“ каде што редовно објавува видеа од градилиштето. Се пофалил дека заработувал по една фунта по поставена тула.
„Јас сум доста паметен, но никогаш не ме интересираа предмети како француски и шпански и географија. А еднаш, кога имав 16 години, дури ме избркаа од училиште поради лошо однесување. Кога почнав да градам тули, се заљубив во таа работа. Природно сум добар во тоа, ми одговара. Мојата прва куќа ја купив на 19 години! Ако си спремен да работиш вредно и напорно, можеш да заработиш „смешни“ пари.
Луѓето често мислат дека лажам кога ќе дознаат колку заработувам. Тие исто така мислат дека ние ѕидарите не сме многу паметни и дека сме преплатени за тоа што го работиме, но јас не би се согласил. Масонеријата е вештина и не е за секого. Ми се допаѓа тоа што го работам, мојата работа ја гледам како еден вид терапија. Не можам ни да замислам каде би бил без ѕидање“, изјавил Малпас.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата