Нуркачи во Египет наишле на неверојатно ретко откритие во водите на Медитеранот.
Нуркачите пронашле остатоци од воен брод во одамна потопениот град Тонис-Хераклоион, некогаш најголемо египетско пристаниште на Медитеранот, и погребен комплекс кој укажува на присуство на грчки трговци, соопштиле властите.
Градот, кој го контролирал влезот во Египет и кој бил изграден на устието на Западен Нил, доминирал со овој крај векови пред Александар Македонски да ја крене Александрија во 331. п.н.е.
Градот, како и поголем дел од делтата на Нил, го уништиле и потопиле земјотрес и огромните бранови кои уследиле. Тонис-Хераклоион повторно бил откриен во 2001-ва година во заливот Абу Кир во близина на Александрија, потсетува "Reuters".
Воениот брод кој го открил египетско-францускиот тим на чело со експерти од Европскиот институт за подводна археологија, потонал кога славниот храм на Амон, покрај кој бил закотвен, се урнал во вториот век пред новата ера.
#Egypt- Divers have discovered rare remains of a military vessel in the ancient sunken city of Thônis-Heracleion – once Egypt’s largest port on the #Mediterranean – and a funerary complex illustrating the presence of Greek merchants, the country said on Monday.
— Mete Sohtaoğlu (@metesohtaoglu) July 19, 2021
Прелиминарните истражувања покажуваат дека 25 метри долгиот брод со рамно дно, весли и големо едро, бил изграден на класичен начин и имал карактеристики на древна египетска конструкција, соопштило египетското Министерство за туризам и антиквитети.
Во друг дел од градот, тимот пронашол остатоци од големи грчки гробишта од почетокот на 4-тиот век п.н.е.
"Ова откритие одлично го илустрира присуството на грчките трговци кои живееле во градот", навело министерството и објаснил дека на Грците им било дозволено да се населат таму во време на фараонските династии.
"Изградиле свои светлишта околу големиот храм на Амон. Тие светилишта се уништени истовремено и нивните остатоци се помешале со остатоците од египетскиот храм", се додава во соопштението.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата