logo
logo
logo

Неколку идеи за празничен ВЕЛИГДЕНСКИ декор: Нека заблеска домот

Vecer | 01.05.2021

Неколку идеи за празничен ВЕЛИГДЕНСКИ декор: Нека заблеска домот

Пред да почнете да ја декорирате празничната велигденска трпеза, основно правило кое мора да го знаете е тоа дека ја имате слободата на целиот свет. Ниту членовите од семејството ниту гостите нема да ви забележат за тоа што сте си поиграле со боите и што сте го затрупале домот со свеќи, цвеќиња, пилиња, зајаци и други детали.

Светло, што е можно посветло

Трпезата за велигденскиот ручек треба да биде весела, а ние ви предлагаме да си поиграте со боите на пролетта, како сината, жолтата, црвената и зелената. Купете салфетки и чинии со велигденски мотиви, а сето тоа дополнете го со шарени јајца и нарциси.

Како од бајка

Набавете шарена покривка за маса, се разбира, со празничните мотиви и сервис за ручање во пастелни бои. Во длабока чинија ставете истуткана салфетка, а потоа ставете јајца обоени во интензивни бои. За декорацијата да биде уште поубава, во средината на аранжманот ставете жолт пердув.

Корпа полна со радост

Искористете некоја стара плетена корпа и во неа ставете обоени јајца во различни бои. За декорација додадете и неколку гранки од врба.

Раскошно и елегантно

Слободно поиграјте си со различни облици на чинии. На пример, ако имате голема и плитка чинија со златна рамка, ставете во неа чинија во форма на ѕвезда. Потоа додадете раскошни велигденски јајца и ќе добиете аранжман кој би заслужувал да биде на централно место на празничната трпеза.

Игра со бои

Во чинија наредете цветови од гербер, а најдобро е да се определите за две бои, на пример, бела и портокалова. Помеѓу нив пак ставете обоени јајца. Не заборавајте по трпезата да растурите и листови од различни цвеќиња, и да додадете неколку свеќи во облик на јајце.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk