logo
logo
logo

Неделен ЉУБОВЕН хороскоп: БИКОТ пред нова врска, БЛИЗНАЦИТЕ пред искушение

Vecer | 30.08.2021

Неделен ЉУБОВЕН хороскоп: БИКОТ пред нова врска, БЛИЗНАЦИТЕ пред искушение

Денеска Меркур излегува од девица и се сели во вага каде ќе остане до 5 ноември 2021. Својата предретроградна сенка ќе ја почне на 6 септември, а ќе стане целосно ретрограден на 27 истиот месец и ќе остане таков до 18 октомври.

Овен

Меркур влегува во вашата седма куќа, поради што ќе имате проблеми со комуникацијата. Бидете внимателни додека разговарате со вашиот партнер, дури и најмалата погрешна ситница што ќе ви излета од устата додека не размислувате, може да ги повреди чувствата на другата личност.

Бик

Ќе бидете многу зафатени на работа, што не значи дека треба да го занемарите љубовниот живот. Ако веќе сте во врска, одвојте попладне или викенд сами, ќе уживате. Ако не сте, можно е да имате интересно познанство кон крајот на неделата.

Близнаци

Меркур е во вашата петта куќа и наскоро ќе тргне во ретроградна траекторија, која ќе има долгорочно влијание врз вас. Од оваа недела ќе почувствувате желба да се преиспитате - дали навистина сте во врската што ја сакате? Дали сте со вистинската личност? Запомнете дека повеќето од овие немири се вкоренети во влијанието на Меркур врз вас, а не во вистински проблеми.

Рак

Стабилна недела за вас во љубовта, можно е повеќе да се занимавате со разгорените работи во семејството или на работа. Ако сте во долга врска, можно е убаво изненадување од вашиот партнер во средината на неделата!

Лав

Ќе бидете зафатени, но и многу инспирирани, што значи дека ќе биде интересно и забавно за сите во вашето друштво. Ако сте во врска или брак, ве очекува одлична недела, ако само се „дружите“ со некого, тој/таа нема да може да ви одолее!

Девица

Оваа недела малку сте оптоварени со некој проблем со пари. Не молчете за тоа, туку разговарајте со партнерот, заедно ќе најдете решение. Заедно ќе можете да се опуштите само на крајот на неделата, но важно е прво да го решите она што ве мачи.

Вага

Мирна недела за љубов. Нема да има проблеми или неуспеси. Ако не сте во врска, случајно ќе откриете дека ви се допаѓа некој што површно го познавате. Дали сте подготвени да ја видите таа личност, зависи од вас!

Скорпија

Недела полна со мисли и преиспитување за Скорпиите. Можно е да размислите за некоја личност, или за настан од минатото, и во никој случај конечно да испари од вашата глава. Размислете, дали вреди да потрошите толку многу енергија за нешто што било и поминало?

Стрелец

Пред вас е недела исполнета со необични пораки! Меркур е во секторот за комуникации, поради што ќе бидете многу јасни во љубовта, но можно е да бидете збунети од пораките што ги добивате од другата страна. Внимавајте што и кому кажувате разни работи!

Јарец

Целосно ќе бидете фокусирани на работата, а можно е оваа недела да не забележите дека на партнерот нешто му пречи или го мачи. Треба да одвоите неколку часа и да разговарате искрено - проблемот не е поврзан со вас, но можете да помогнете да се реши!

Водолија

Недела во која Водолијата, секогаш свртена кон авантура, треба да излезе од својата удобна зона! Ако сте во врска, излезете со саканата личност, но изберете место каде што никогаш не сте биле. Ако не сте во врска, ќе имате интересен состанок со личност што ви се допаѓа.

Риба

Подгответе се, ви следуваат важни разговори оваа недела. Треба да расчистите нешто што ве мачи долго време во љубовта, и искористете го овој момент, ѕвездите велат дека решението е на повидок, важно е само да бидете сигурни во она што го сакате.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk