logo
logo
logo

Не се туширајте со ладна вода на жештиниве, може да биде ОПАСНО

Vecer | 25.06.2021

Не се туширајте со ладна вода на жештиниве, може да биде ОПАСНО

Речиси е незамисливо да се започне или заврши еден ден без туш, особено кога надвор е пеколно топло. Но прашањето е - дали правилно се тушираме и колку навистина може да се разладиме или евентуално расониме?

За секојдневно туширање, кога сме прегреани, не треба да се користи ладна вода. Колку и да е пријатно поради високата надворешна температура, студениот туш на жешко тело може да биде опасен. Студената вода ќе ја намали телесната температура на неприроден начин, така што телото нема да има доволно време природно да се спротивстави на високата надворешна температура. Затоа, туширајте се со млака вода.

Ако капењето во млака вода не ве разлади доволно, оладете се со млаз ладна вода над зглобовите. Ова малку ќе ги олади крвните садови, но помеко и поздраво отколку ако се истуширате со ладна вода.

Утрински туш

Ако имате намера да се разбудите под утринскиот туш, треба да знаете дека кога времето е постудено, излегувањето од топол туш во просторија со пониска температура предизвикува нагло опаѓање на телесната температура. Поради тоа, целиот организам оди во порелаксирана состојба, па наскоро, наместо да се будите, ќе заспиете. За да се избегне таков ефект, утринскиот туш треба да заврши со наизменична употреба на топла и ладна вода.

Препорачливо е пред крајот на туширањето да се туширате со ладна вода најмалку 30 секунди, а потоа повторно со топла вода и на крај со ладна вода уште половина минута. Оваа ненадејна промена од ладна во топла и повторно ладна вода ќе ги отвори капиларите и ќе ја подобри циркулацијата во телото.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk