logo
logo
logo

Не сака смртоносна инјекција, БАРА ДА ГО СТРЕЛААТ

Vecer | 22.04.2021

Не сака смртоносна инјекција, БАРА ДА ГО СТРЕЛААТ

Зејн Мајкл Флојд, осуден на смрт за убиство на четири лица во 1999 година, бара од државата Невада наместо смртоносна инјекција казната да му ја извршат со стрелање.

Неговите адвокати наведуваат дека ова не е тактика за одложување на казната, туку дека друг метод би бил „помалку болен“.

За да се смени протоколот за смртна казна, одбраната мора да предложи алтернативен метод, на кој адвокатите сугерираат дека пукањето е „најхуман начин“.

„Извршувањето со истрели од вод е побрзо и помалку болно од смртоносна инјекција“, рекоа адвокатите на Флојд.

Невада некогаш дозволувала смртна казна од стрелачки вод, а законот денес налага инјекции. Случајот на Флојд е, инаку, прв пат во последните 15 години во Невада да се планира смртна казна.

Предлогот на адвокатите на Флојд доаѓа во време кога законодавците на државата размислуваат за укинување на смртната казна.

Од друга страна, обвинителите велат дека ќе побараат наредба за извршување следниот месец, а можниот рок може да биде во јуни.

Само три држави - Мисисипи, Оклахома и Јута, како и американската војска дозволуваат смртна казна со пукање. Последен пат овој метод на извршување бил користен во Јута во 2010 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk