logo
logo
logo

НЕ ПРЕТЕРУВАЈТЕ: Еве колку јајца може да се изедат за Велигден

Vecer | 01.05.2021

НЕ ПРЕТЕРУВАЈТЕ: Еве колку јајца може да се изедат за Велигден

За Велигден не претерувајте со јадење јајца. Според експертите за исхрана, смеете да изедете едно до две јајца на ден. Ако јадете само белка, може пет или шест, но само две жолчки.

Според нив, боите за јајца, ако поминале низ контрола, не би требало да бидат опасни по здравјето на луѓето. Но, јајцата треба да ги гледате како да се без лушпа, оти кога тие се варат, им се уништува заштитниот слој, а имаат ситни пори преку кои минува апсолутно се.

Што се однесува, пак, до природните бои за бојадисување јајца, како кромид, цвекло, тогаш нема никаква опасност.

Јајцата можат да се јадат седум дена, но само ако се чуваат во фрижидер. Ако стојат на собна температура, не можат да се јадат цела недела, објаснуваат стручните лица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk