logo
logo
logo

Не му се допадна фризурата, МУ ВИКНА ПОЛИЦИЈА НА ФРИЗЕРОТ (ВИДЕО)

Vecer | 17.05.2021

Не му се допадна фризурата, МУ ВИКНА ПОЛИЦИЈА НА ФРИЗЕРОТ (ВИДЕО)

Не се сите задоволни од својата фризура и не се помируваат сите со тој факт. Некои сметаат дека фризерот треба да добие казна.

Десетгодишно момче од југозападна Кина стана хит на социјалните мрежи затоа што бараше правда за себе на необичен начин.

Имено, кога виде како изгледа неговата нова фризура, тој заклучил дека станува збор за кривично дело па решил да ја извести полицијата.

Верувале или не, полицијата одговори на неговиот повик.

Кога го слушнале момчето што плаче,  се упатиле кон „местото на злосторот“, но кога сфатиле за што всушност станува збор, ја замолиле неговата сестра да се обиде да најде заеднички јазик меѓу незадоволното дете и фризерот.

Сестрата ветила дека ќе го научи својот мал брат да не бара полиција секогаш кога ќе се налути.

https://youtu.be/uyv9j2Hw2Qw

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk