Навивач на фудбалскиот клуб Барселона доживеа непријатно изненадување во вторникот кога, наместо гостинскиот натпревар на каталонскиот клуб од Лигата на шампиони против Њукасл што се играше на „Сент Џејмс Парк“ во Њукасл, тој пристигна на друг стадион со исто име, лоциран во Ексетер.
Откако го пропуштил дуелот од елитното клупско натпреварување, на навивачот на Барселона му било организирано да го гледа натпреварот од третата англиска лига, меѓу домаќинот Ексетер и Линколн.
Растојанието меѓу двата стадиони во Њукасл и Ексетер што го носат истото име „Сент Џејмс Парк“ е околу 600 километри.
„Еден од нашите волонтери дојде во канцеларијата и ни кажа дека на влезот има еден човек кој би сакал да ја гледа Барселона. Неговиот англиски не беше добар, но од она што можеа да го разберат, тој доаѓаше од Лондон. Би рекол дека тоа се случило затоа што впишал „Сент Џејмс Парк“ во својот телефон, а потоа само ги следел упатствата. Беше многу разочаран и малку засрамен. Па му организиравме билет за нашиот натпревар против Линколн Сити, изјави раководителот на одделот за навивачи на Ексетер, Адам Спенсер.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата