logo
logo
logo

Навики кои НЕ СЕ ТОЛКУ ЗДРАВИ ако претерате како што „фитнес“ тренери ги промовираат

Vecer | 28.05.2023

Навики кои НЕ СЕ ТОЛКУ ЗДРАВИ ако претерате како што „фитнес“ тренери ги промовираат

Може да биде тешко да се држите во чекор со денешното темпо на „здраво живеење“ - доволно сон, редовно вежбање, здрава исхрана, консумирање витамини... Списокот е бесконечен.

Она што е сигурно е фактот дека не треба ништо да претерувате бидејќи со тоа темпо и здравите навики брзо можат да станат нездрави.

Зеленчук

Истражувањата покажаа дека исхраната богата со овошје и зеленчук може да ја подобри борбата против кардиоваскуларните болести и да помогне во одржување на здрава тежина. Сепак, премногу зеленчук може да има несакани ефекти, особено за луѓето со синдром на нервозно дебело црево (IBS).

Имено, зеленчукот е полн со влакна, па предизвикува надуеност, а тоа особено важи за зелката и брокулата.

Суплементи

Иако витамините и суплементите се одлична работа - особено за оние кои страдаат од недостаток, прекумерната потрошувачка на одредени витамини може да предизвика несакани ефекти.

Познато е дека витаминот Ц предизвикува гадење, грчеви и проблеми со цревата.

Витаминот Д и цинкот се исклучително корисни, но неопходно е да се прават паузи при нивното консумирање.

Препорачливо е да направите тест на крвта, за да проверите кои витамини му недостигаат на организмот и да ги консумирате според потребите.

Флаширана вода

И покрај популарното верување - флашираната вода не е секогаш подобро решение. Имено, пластичните шишиња често содржат различни хемиски материи кои се штетни за организмот, па водата од чешма, доколку е чиста, е подобар избор.

Избегнување на масти

Мастите се неопходни за енергија и секојдневно функционирање, а можат да бидат и здрави, па затоа нема потреба да се плашите од нив.

Јаткасти плодови, семки, авокадо - сето ова се храна полна со здрави масти кои ќе ви помогнат да бидете витални.

Гума за џвакање

Гумата за џвакање е одлична работа кога сакате да го „убиете гладот“ или да го подготвите вашето непце за следниот оброк.

Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека не е толку здрав бидејќи предизвикува надуеност.

Во текот на процесот на џвакање вдишуваме многу повеќе воздух и на тој начин предизвикуваме гасови - пренесува „TheMirror“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk