logo
logo
logo

Научници открија живеалиште меѓу пластичните остатоци во Тихиот Океан

Vecer | 06.12.2021

Научници открија живеалиште меѓу пластичните остатоци во Тихиот Океан

 Многу од овие суштества се крајбрежни видови, кои живеат на километри од нивните вообичаени живеалишта, на половина пат помеѓу бреговите на Калифорнија и Хаваи, пишува Би-Би-Си.

На 90 отсто од остатоците се пронајдени растенија и животни, вклучувајќи анемони, мали морски бубачки, мекотели и ракови. Научниците се загрижени дека пластиката може да помогне во транспортот на инвазивни видови.

Студијата испитувала пластични предмети поголеми од пет сантиметри во дијаметар, собрани од област каде што циркулирачките струи предизвикуваат акумулација на отпад во Пацификот.

Водечкиот истражувач д-р Линси Харам, која работеше во Центарот за истражување на животната средина на Смитсонијан, рече дека пластиката е поиздржлива од многу природни остатоци што може да се видат во отворен океан. – Тие создаваат потрајно живеалиште во оваа област, појасни Харам. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk