logo
logo
logo

Нашла двојничка на Инстаграм,па ја убила за да ја лажира сопствената смрт,Косовец бил „мозокот“

Vecer | 31.01.2023

Нашла двојничка на Инстаграм,па ја убила за да ја лажира сопствената смрт,Косовец бил „мозокот“

Кога во август минатата година во паркиран Мерцедес во јужниот германски град Инголштад било откриено тело на млада жена, жртвата првично била идентификувана како Шарабан К., 23-годишна козметичарка од Минхен со ирачко потекло.

Иако некои членови на семејството на Шарабан го идентификувале телото, по обдукцијата извршена следниот ден, повторно се наметна прашањето за идентитетот. На крајот било утврдено дека жртвата е Хадиџа О., исто така 23-годишна, алжирска блогерка за убавина од Хајлброн во соседната покраина Баден-Виртемберг.

Полицијата соопштила дека жените биле многу слични поради црната, права коса и сличниот тен, а германските медиуми подоцна случајот го нарекле „двојно убиство“.

23-годишниот Косовец Шеќир К. и Шарабан К. биле уапсени на 19 август 2022 година, но до оваа недела властите јавно не шпекулирале за мотивите за убиството.

„Преку истрагата дојдовме до оправдано сомневање дека обвинетата сакала да се сокрие поради некаков семеен спор, па се обидела да ја лажира сопствената смрт“, изјави денеска обвинителката Вероника Гризер.

Полицијата соопштила дека една недела пред убиството, Шарабан К. контактирала со неколку жени кои личат на неа, а на социјалните мрежи се претставила под различни имиња.

  „Таа им ветила различни работи за да ги убеди да се сретнат и на крајот успеала да најде жртва“, изјави Гризер.

На средбата се согласила Хадиџа О. бидејќи и било ветено дека тема на разговор ќе биде нешто поврзано со козметиката. Во нејзиниот стан со автомобил дошле Шеќир К. и Шарабан К. Некаде во шумата меѓу Хајлброн и Инголштад, обвинетиот пар ѝ рекол на Алжирката да излезе од автомобилот, а потоа ја избоделе до смрт.

„Оружјето со кое е извршено убиството не е пронајдено, но сите други докази се достапни“, изјавил портпаролот на полицијата Андреас Ајкеле. „Жртвата беше убиена со повеќе од 50 убоди и нејзиното лице беше целосно изобличено“.

Обвинителите велат дека убијците потоа го ставиле телото на жртвата на задното седиште во Мерцедесот и отишле во Инголштад и го паркирале автомобилот во станбена зона во близина на Дунав, каде што било откриено околу полноќ на 16 август 2022 година од родителите на Шарабан К.

Иако истрагата се уште е во тек и ќе бидат сослушани повеќе сведоци, по Шеќир К. и Шарабан К е распишана потерница. Доколку бидат прогласени за виновни, може да се соочат со доживотна казна затвор.

„Не наидувате на вакви случаи секој ден, особено со таков спектакуларен пресврт“, рече Ајкеле. „Денот кога го најдовме телото, ништо не можеше да нѐ подготви за овој пресврт на настаните.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk