logo
logo
logo

Нашите балерини освоија 4 први места, 2 втори и 1 трето место во Црна Гора

Vecer | 19.03.2026

Нашите балерини освоија 4 први места, 2 втори и 1 трето место во Црна Гора

Минатиот викенд, Херцег Нови беше домаќин на второто издание на Фестивалот на изведувачки уметности - PAF, на кој учествуваа 700 изведувачи од Македонија, Италија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска, заедно со танчери од Црна Гора.

Тридневната магија во Парк салата, на „Performing Art Festival“ во Херцег Нови, беше место каде класичниот и модерниот балет беа предизвик за секој учесник.

Нашите млади уметници не само што се натпреваруваа со силна конкуренција, туку и блеснаа на сцената, а резултати зборуваат сами.

Во огромната конкуренција на натпреварот на кој што учествуваа повеќе од 20 групи во различни танцови стилови, нашите балерини од Арт Балет освоија 4 први места, 2 втори и 1 трето место.

„Секој чекор, секоја насмевка, секој аплауз е плод на труд, дисциплина и бескрајна љубов кон балетот. Горди сме на нашите деца кои го носат името Арт Балет со достоинство и радост. Ова е само почеток – нашата љубов кон сцената продолжува да нè води кон нови височини!“, вели Тамара Ѓурчиновска, Директорка на Арт Балет. Настапот беше поддржан од Министерството за култура.

Фестивалската програма ги спои талентот, дисциплината и љубовта кон уметноста на танцот, а најуспешните настапија на гала вечерта „Ѕвездена ноќ“. Енергијата и креативноста беа оценувани од тамошното стручно жири и голема публика, на сцена која со години собира врвни уметници од целиот свет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk