Четири астронаути денеска полетаа од Флорида кон Месечината со мисијата 'Артемис II' на НАСА. Ова е првпат по повеќе од половина век луѓе да патуваат во длабоката вселена, во рамките на 10-дневниот лет кој треба да ја подготви подлогата за идното слетување на лунарната површина.
Ракетата „Space Launch System“ (SLS) што ја носеше капсулата „Орион“ полета од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, носејќи екипаж од тројца американски астронаути и еден Канаѓанец – Рид Вајзман, Виктор Гловер, Кристина Кох и Џереми Хансен. Мисијата ќе им овозможи на астронаутите да го тестираат „Орион“ во реални вселенски услови, вклучувајќи рачна контрола и маневрирање во орбитата, како и спроведување серија научни и инженерски експерименти.
„Артемис II“ го означува првиот човечки лет во рамките на програмата „Артемис“, која беше лансирана во 2017 година со цел да се воспостави долгорочно човечко присуство на Месечината и да се подготват за идните мисии на Марс.
Администраторот на НАСА, Џаред Ајзакман, извести за мисијата на прес-конференција, нагласувајќи дека екипажот е „безбеден, сигурен и во одлично расположение“. Тој, исто така, потврди дека претходните проблеми со комуникацијата биле успешно решени.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата