Таа наведува дека дошла на вечера со сопругот и синот не знаејќи какво (непријатно) изненадување ја чека.
Жената тврди дека сѐ се случило на 10 ноември во Пенрит, во бар во кој едно парче месо чини и до 65 долари. Штом специјалитетот бил ставен на масата, таа забележала нешто чудно, пренесува News.com.au.
„Го погледнав стекот и помислив дека е чудно што нешто ми мрда“, рекла Австралијката и додала дека нејзиниот сопруг сфатил дека станува збор за црви кои се виткаат во чинијата.
Таа веднаш го повикала келнерот и нарачката била вратена. Таа тврди дека ѝ било објаснето дека црвите всушност биле во салатата, а не во стекот.
„Тие уживаа во парчето месо, но јас не ги видов на салатата. Без разлика, воопшто не требаше да има црви. Бидејќи никој во ресторанот не ги забележа, пред да ја добијам мојата порција“, тврдела таа.
Жителката на Блу Маунинс истакнува дека го одбила другиот оброк бидејќи сакала да го напушти ресторанот. Челниците на популарниот локал не го коментирале видеото (ЛИНК), но рекоа дека по поднесувањето на жалбата имале инспекциска посета.
„По детален увид, од увидот не се констатирани неправилности. Утврдено е дека месото се чувало во затворени садови“, се вели.
Управата за храна го истражува случајот како „инцидент“, а покриени се сите аспекти - од доставувачот, секторот за складирање до подготовката.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата