logo
logo
logo

Напиток БЕЗ КАЛОРИИ совршен за слабеење

Vecer | 03.05.2021

Напиток БЕЗ КАЛОРИИ совршен за слабеење

Водата со јаболко и цимет е хит напиток за слабеење оваа пролет и има две предности: делува така што ги намалува воспалителните процеси во телото и го поттикнува метаболизмот.

Тоа значи дека оваа мешавина му помага на телото да се ослободи од отровните материи, но и при тоа да слабее. Причина е миксот од витамини, минерали, природни материи и антиоксиданти од јаболката и циметот.

 

Потребни состојки:

1 л вода,

1 стапче цимет,

1 зелено јаболко,

1 лимон

Начин на приготвување: Загрејте ја водата (но не да проврие). Потоа сипете ја во бокал и додадете ги циметот и ситно сечканото јаболко. Оставете малку да се олади, па ставете во фрижидер. После околу два часа извадете го напитокот од фрижидер, додадете сок од лимон и уживајте!

Совет: Најдобро е да се испие една чаша од овој напиток наутро на празен желудник за материите оптимално да делуваат. Остатокот испијте го во текот на денот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk