logo
logo
logo

НАМЕСТО ДА МУ КАЖЕ "ДА", МУ ДАЛА ДА РЕШАВА МАТЕМАТИЧКА ЗАДАЧА: Невеста бегалка бидејќи маж и не знаел таблица множење

Vecer | 27.05.2021

НАМЕСТО ДА МУ КАЖЕ "ДА", МУ ДАЛА ДА РЕШАВА МАТЕМАТИЧКА ЗАДАЧА: Невеста бегалка бидејќи маж и не знаел таблица множење

Невеста од Индија ја откажала венчавката откако дознала дека нејзиниот свршеник не знае таблица за множење.

Имено, овој брак бил договорен и требал да биде склучен во државата Утар Прадеш. Семејството на невестата огорчено ја раскажало на медиумите причината за откажување на бракот.

Имено, оваа невеста од самиот старт била скептична за образованието на нејзиниот договорен маж па за време на церемонијата решила да го испраша математика. Кога тој не успеал да и одговори на математичка задача помножена со два невестата ја прекинала церемонијата и им соопштила на сите дека не може да склучи брак со некој кој не знае основи на математика.

Семејството на младоженецот не излажа

Братот на невестата изјавил дека семејството на несудениот младоженец криело од нив дека младоженецот не завршил основно образование. Тој и додал дека неговата сестра е храбра млада девојка.

-Неговото семејство не излажа. Но мојата сестра беше исклучително храбра за да ја откаже венчавката. Воопшто не и беше грижа што ќе каже околината, вели тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk