logo
logo
logo

Највисокиот човек живее во Гана

Vecer | 27.03.2024

Највисокиот човек живее во Гана

Во Гинисовата книга на рекорди е запишан Турчинот Султан Косен, кој е висок 2,51 метри. За официјализирање на новиот светски рекорд, пречка било тоа што лекарите во околната болница во северна Гана немале соодветни мерни алатки, пишува Би-Би-Си.

На Сулемана пред неколку години му била дијагностицирана болеста, научно наречена акромегалија, нарушување предизвикано од вишок соматотропин - хормон за раст. Ганецот поради тоа и не престанува да расте и мора да оди на редовни прегледи. На последното мерење тој бил повисок од мерната шипка, па зачудениот лекарски тим просто не знаел како точно да ја одреди неговата висина. 

И самиот пациент бил збунет од „спектаклот“ што го предизвикал, но некако лекарите дошле до приближна проценка на висината.

Инаку, Сулемана е доста популарен во своето село и луѓето често му приоѓаат за да се сликаат со него, објави Џој њуз. Поради здравствените проблеми тој се откажал од својот сон да стане возач, а сега мора да собира пари за лекување и здравствено осигурување. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk