logo
logo
logo

ДЕСЕТ НАЈУБАВИ ЖЕНИ ВО СВЕТОТ - Еве и како се избрани

Vecer | 05.02.2021

ДЕСЕТ НАЈУБАВИ ЖЕНИ ВО СВЕТОТ - Еве и како се избрани

Дали некогаш кои се најубавите жени во светот и врз што се прават таквите избори? Според студијата на познатиот козметички хирург Џулијан де Силва, познатата манекенка Бела Хадид е најубава во светот.

Славниот хирург ја состави својата листа на 10-те најубави жени во светот користејќи ја теоријата за златниот пресек. Овој концепт потекнува од античка Грција и се нарекува „божествен“ затоа што тие пропорции се најблиску до совршенството.

Се смета дека го користеле многу уметници низ вековите, особено во ренесансата, за да создадат совршени уметнички дела.

Следејќи го духот на времето, тој го примени правилото на златниот пресек на поинаков начин да открие на математички начин кои жени се физички совршени. За да го пресмета златниот однос на убавината, Де Силва ја заснова својата пресметка врз големината и положбата на очите, веѓите, носот, усните, брадата и вилицата и сето тоа го измери во потрага по симетрија.

Кога ги собрал сите податоци крајот е дека Бела Хадид има најсиметрично лице со резултат од 94,35 проценти, а еве кој следи по неа.

  1. Бела Хадид - 94,35 проценти

2. Бијонсе - 92,44 проценти

3. Амбер Херд - 91,85 проценти

4. Аријана Гранде - 91,81 процент

5.  Тејлор Свифт - 91,64 проценти

6.  Кејт Мос - 91,05 проценти

7. Скарлет Јохансон - 90,91 процент

8. Натали Портман - 90,51 процент

9. Кети Пери - 90,08 проценти

10. Кара Делевињ - 89,99 проценти

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk