logo
logo
logo

Најсуровиот експеримент во светот: Делувало како обично тестирање, но за два дена луѓето се претвориле во монструми!

Vecer | 21.06.2021

Најсуровиот експеримент во светот: Делувало како обично тестирање, но за два дена луѓето се претвориле во монструми!

Во август 1971 година, на Универзитетот Стенфорд започнал еден нормален психолошки експеримент. Но по само неколку часа работите тргнале наопаку.

Експериментот го водел професорот Зимбадо заедно со неговиот истражувачки тим. Тој сакал да дознае повеќе за природата на човековата суровост. Зимбадо одбрал 21 студент – мажи кои биле ментално најстабилни од сите други кандидати.

Па така, никој нив не бил осудуван ниту пак покажувал знаци на антисоцијално однесување. За потребите на експериментот биле формирани две групи: 10 затвореници и 11 чувари.

Мажите кои биле затвореници биле уапсени во своите домови, а откако пристигнале во затворот биле третирани исто како и сите криминалци. Тие биле облечени во затворски униформи и им биле доделени затворски бројчиња. Чуварите пак добиле пиштоли и палки, а носеле и наоачари се со цел да избегнат eye contact со затворениците.

Физичко насилство во овој експеримент било забрането. Чуварите за само неколку часа се уходале и се соживеале со својата нова улога. Па оттаму и започнало малтретирањето врз затворениците. Чуварите ги навредувале затворениците, ги мачеле на најразлични начини и ги терале да прават склекови како казна. Во еден момент, затворениците велат дека чуварите се садисти.

-Моравме да се обединиме се со цел да направиме пасивен отпор. Не можевме повеќе да издржиме, изјавиле затворениците.

Ден потоа тие го започнале својот бунт, а ситуацијата од ден за ден станувала полоша. Чуварите им ги одземале душеците на кои спиеле, а на дел од нив им ги одземале и униформите па така затворениците биле приморани да шетаат голи. Исто така, им било забрането да го користат тоалет надвор од нивната ќелија, а мокреле во кофа.

Истражувачите решиле да го стопираат експериментот по шест дена и тоа бидејќи на тој ден еден од затворениците доживеал хистеричен напад и морал да биде ослободен.

Самиот експеримент бил прогласен за неетички и истиот никогаш повеќе не бил повторен.

Резултатот покажал колку брзо луѓето ги присвојуваат своите нови улоги во животот, па така и оние мирните и либерални луѓе под други околности можат да станат садисти.

Овој експеримент денес е познат како еден од најсуровите во историјата на човештвото.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk