Роуз, ветеран од Втората светска војна и учесник во истоварувањето во Нормандија, рече дека „денес е најдобриот ден што некогаш го имал“, пренесе Скај њуз.
Тој доби картичка од кралот и кралицата, која гордо ја покажа.
„Доналд има прекрасен карактер и е вистинско национално богатство“, изјави градоначалничката на Ереваш, Кејт Фенели, која го посети на неговиот роденден.
Роуз, кој е роден во 1914 година во Весткот, Сари, го прослави својот роденден во старечки дом со настап на членовите на познатата женска пејачка група „Д-Дејлингс“, кои стигнаа до финалето на натпреварот „Британија има талент“.
Воениот херој беше меѓу 200 ветерани и нивните гости кои присуствуваа на божиќниот прием во палатата Сент Џејмс на 5 декември, чиј домаќин беше војводата од Глостер.
Роуз служеше како снајперист во Северна Африка во Втората светска војна и учествуваше во ослободувањето на Италија и Франција.
За време на службата доби голем број одликувања, меѓу кои и Легијата на честа - највисокото признание на Франција.
Тој во својот живот работел како возач на камион и собирач на ѓубре, а се преселил во Дербишир во 2000 година по смртта на неговата сопруга, за на 106-годишна возраст да стане жител на старечки дом во Илкестон.
Тој стана најстариот маж во Велика Британија на 25 ноември, по смртта на 112-годишниот Џон Тинисвуд.
Најстариот човек на светот е 116-годишниот Јапонец Томико Итука.
Извор: Б92
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата