logo
logo
logo

Најскапиот дворец во светот се наоѓа во Лондон, чини 285 милиони евра

Vecer | 22.03.2023

Најскапиот дворец во светот се наоѓа во Лондон, чини 285 милиони евра

Дворецот се наоѓа во Риџентс Парк - еден од осумте кралски паркови во англиската престолнина. Ако замокот се продаде по оваа цена, тоа ќе биде најпрофитабилниот договор за имот во историјата на градот (рекордот во мигов изнесува 210 милиони фунти - 240 милиони евра). Тој, исто така, е и најскапиот дом во светот, надминувајќи го апартманот од 250 милиони долари што сѐ уште е на продажба, а се наоѓа на врвот на кулата „Централ Парк“ во Њујорк.

Вилата „Холм“ е дизајнирана од архитектот Децимус Бартон во 1818 година. Досега била сопственост на членови на саудиското кралско семејство, а се продава како дел од отплата на заемот.

Има 40 спални соби, се наоѓа на 1,6 хектари земјиште и вклучува и осум гаражи, тениско игралиште, сауна и библиотека.

Замокот со 45 соби, познат како „Рутланд гејт 2-8а“, претходно беше најскапата куќа за продажба во Лондон. Имотот со поглед на Хајд Парк, беше на пазарот за 205 милиони евра во октомври лани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk