logo
logo
logo

Најпознатиот брод доби наследник- Титаник II ќе заплови годинава (ВИДЕО)

Vecer | 14.01.2022

Најпознатиот брод доби наследник- Титаник II ќе заплови годинава (ВИДЕО)

Бродот, кој е речиси идентична копија на оригиналниот Титаник, моментално се гради во Кина и неговото лансирање се очекува оваа година. Титаник II ќе го започне патувањето од Дубаи, а првите патници ќе ги земе во Саутемптон, Англија. Бродот ќе го пресоздаде патувањето на познатиот оригинал и ќе стигне до Њујорк преку Атлантикот.

Иако е направен по моделот на оригиналот од 1912 година, тој ќе има неколку значајни разлики. Ќе може да превезува повеќе патници, до 2.400 луѓе и 900 членови на екипажот, а исто така е четири метри подолг за да ги исполни современите стандарди и да ја зголеми стабилноста. Новата верзија е опремена и со модерни системи за навигација и безбедност и детални планови за евакуација.

Зачетник на идејата да се изгради наследник на познатиот брод е австралискиот милионер Клајв Палмер. Во 2012 година ја основал бродската компанија Blue Star Line за да ја реализира својата идеја. Трошоците за изградба на бродот ќе бидат околу 500 милиони долари, а првично било планирано бродот да исплови во 2016 година, но поради финансиски проблеми, патувањето е одложено за 2018 година, а сега првото поаѓање се очекува до крајот на оваа година.

Оригиналниот Титаник исплови на своето прво патување од Саутемптон, Англија до Њујорк на 10 април 1912 година. Во тоа време, тоа беше најголемиот патнички брод на светот. На 14 април околу полноќ удри во санта мраз и потона за помалку од три часа. Според извештајот на Сенатот на САД во катастрофата во Титаник, загинале 1.517 луѓе од вкупно 2.223 патници и членови на екипажот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk