logo
logo
logo

НАЈПОЗНАТАТА ЉУБОВНИЦА го изневерувала сопругот со ПРИНЦОТ ЧАРЛС! Кралицата една работа не може да и прости

Vecer | 21.07.2022

НАЈПОЗНАТАТА ЉУБОВНИЦА го изневерувала сопругот со ПРИНЦОТ ЧАРЛС! Кралицата една работа не може да и прости

Војвотката од Корнвол Камила Паркер мошне дамски гази низ осумата деценија, а неодамна го прослави својот 75-ти роденден. И би се рекло дека сопругата на принцот Чарлс ги мрси конците во кралското семејство, бидејќи го зазеде местото на една од најомилените принцези.

Се верува дека Камила и Чарлс се запознале во раните 1970-ти, на поло натпревар во Виндзорскиот голем парк . Сепак, постои и друга верзија, според магазинот Пипл:

- Кога го запознала принцот на една забава во 1972 година, Камила Шанд имала 25 години и живеела во Лондон, а безобразно му рекла: „Мојата прабаба беше љубовница на твојот прадедо. Чувствувам дека имаме нешто заедничко, наведува магазинот.

Kamila Parker

Принцот Чарлс ѝ се додворувал шест месеци.

- Иако заљубениот принц ѝ се додворувал шест месеци, тој не успеал да ја запроси, пред да се врати на море во февруари 1973 година. Враќањето на Чарлс во морнарицата за некое време ја заладило нивната врска - вели пријател на кралското семејство.

Се чини, дека во дворот љубовните врски се многу комплицирани.

- Во 1965 година Камила на една забава го запознала својот иден сопруг Ендрју Паркер Боулс. Но прекинала со него затоа што тој стапил во врска со принцезата Ана, сестрата на Чарлс. И да не била таа романса, можеби никогаш немаше да се забавува со принцот од Велс – открила авторката на книгата "The Duchess: Camilla Parker Bowles and the Love Affair That Rocky the Crown" Џени Паркер.

Kamila Parker, Princ Čarls

Како што Чарлс заминал во морнарицата, Камила се вратила кај Ендру и се омажила за него во 1973 година. Во бракот ја добија ќерката Лора и синот Том.

Чарлс во 1977 година ја запознал Дајана Спенсер, со која се оженил во 1981 година, истата година кога и се верил со неа. Тој брак им донесе синовите Вилијам и Хари, но и многу проблеми. Наводно, тој во 1986 година ја обновил љубовта со Камила, во време кога и двајцата беа во брак.

Поради ова Камила го заслужи епитетот на омразена љубовница кој и денес ја следи, поради што голем дел од британската јавност не сака да ја гледа како идна кралица. И не само нејзиниот љубовник, туку и беше целосно нечесна кон сопругот, го изневерувала без трошка каење.

 

Kamila Parker

 

„Во овој брак бевме тројца, па беше малку гужва“, изјави саканата принцеза Дијана во интервју за Би-би-си во 1995 година. Две години подоцна, таа загина во сообраќајна несреќа во Париз.

Пред трагедијата во 1993 година, беа објавени снимки од разговор меѓу Камила и Чарлс од 1989 година, кои ја потврдија нивната врска. Таа поднела барање за развод во 1995 година, а тој се развел една година подоцна.

 

Kamila Parker

Големиот пресврт се случи кога Елизабета II ја покани Камила на прославата на 60-тиот роденден на грчкиот крал Константин во резиденцијата на Чарлс во 2000 година.

Првиот јавен бакнеж на славната двојка се случи во 2001 година, а во 2005 година се одржа нивната венчавка.

- Понекогаш е како кога бродовите разминуваат ноќе, но секогаш седиме заедно, пиеме шолја чај и разговараме за денот. Го имаме тој момент, изјавила за бракот со Чарлс.

 

Princeza Dajana

Првиот разговор на Дијана и Камила

Камила била болна точка во бракот на Лејди Ди и Чарлс, а за тоа се зборува и во биографијата „Дијана: Нејзината вистинска приказна“, објавена во 1992 година од Ендрју Мортон. Во книгата, принцезата зборува за „еден од најхрабрите моменти“ во нејзиниот живот, а тоа е нејзиниот прв разговор со Камила Паркер. Тоа беше најголемата причина за распадот на велшкиот кралски пар.

- Знам што се случува помеѓу тебе и Чарлс и само сакам да го знаеш тоа, рекла тогаш Дијана.

 

Kamila Parker

Одговорот на Камила Паркер подоцна бил опишан од принцезата како „интересен“.

- Имате се што отсекогаш си сакала. Ги имаш сите мажи на светот кои се заљубени во тебе, имаш две прекрасни деца, што сакаш повеќе? - прашала Камила Паркер.

На што Лејди Ди одговорила: „Својот сопруг. Ова мора да е пекол за вас двајца и не сакам да застанам на патот, ниту пак сакам да ме третираат како идиот“.

 

Kamila Parker

 

Зошто кралското семејство не може да ја поднесе Камила?

Има многу причини, но една наведена како клучна е тоа што Камила го „крадела“ времето што Чарлс требало да го поминува со своите синови.

- Мислам дека нивната врска сега е топла, но не беше секогаш така. Мислам дека им беше тешко. Да бидам фер кон Камила, таа никогаш не се обидела да биде нивна мајка, таа секогаш беше „втора сопруга“ и беше тука за да го одвои времето на тато“, напиша кралската коментаторка Пени Џуниор.

Гласините велат дека кралицата Елизабета никогаш нема да и прости за ова, но ниту Вилијам и Чарлс никогаш нема да и простат, иако решиле да се однесуваат пристојно заради јавноста.

Меѓу другото, ова се причините поради кои Камила не е достојна за круната.

Членовите на кралското семејство, покрај тоа, ја сметале за премногу обична и недостојна, бидејќи не потекнувала од угледно или аристократско семејство. Таа беше една од девојките со кои Чарлс беше охрабрен да има авантури, но никогаш сериозно не размислувале да му допуштат да се ожени со неа.

- Камила беше таа која беше одговорна, свесно или не, за сите катастрофи што го снајдоа Чарлс откако се ожени, а кралицата не го простува тоа - заклучи тогаш Џуниор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk