logo
logo
logo

Најпосакуваниот ерген со сина крв на контроверзна свадба во Грција (ФОТО)

Vecer | 09.02.2025

Најпосакуваниот ерген со сина крв на контроверзна свадба во Грција (ФОТО)

На оваа церемонија во Атина биле поканети бројни личности, претежно од кралските династии, а секоја од нив се истакна во елегантни тоалети, иако особено се истакна мајката на невестата, Агапи Полити. Младоженецот Николаос кого го нарекуваат „плејбој принц“ се ожени само десет месеци по разводот од претходната сопруга, што е скандалозно во кралските семејства.

Но, женскиот дел од насобраните гости, но и случајните минувачи, повеќе се интересирале за машките гости, пред сѐ оние кои биле подготвени да се венчаат, како што е принцот Константин Алексиос од Грција и Данска,објави Хеломагазин.

Принцот Константин Алексиос од Грција и Данска е роден на 29 октомври 1998 година во Њујорк и е најстар син на престолонаследникот Павле и принцезата Мари-Шантал од Грција, пишува „Википедија“. Тој е и внук на Константин II и Ана Мари од Данска, кои биле последниот крал и кралица на Грција. Тој бил крстен во грчка православна церемонија во катедралата Света Софија во Лондон, а негов кум бил новопечениот принц Николаос од Грција.

На венчавката тој се појави во син костум кој го истакна неговото тело, што навистина го привлече вниманието на женската популација. Неговиот став на свадбата на кумот воодушеви многумина, бидејќи пленеше со харизма и шарм, исто како што му доликува на еден млад принц. Не се знае дали моментално е во врска, но на неговиот Инстаграм профил „се нафрлија“ девојки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk