logo
logo
logo

ЗАЧИНИ кои ќе ја претворат вашата тераса во МИРИСЛИВА ОАЗА – сега е идеално време за садење

Vecer | 08.05.2025

ЗАЧИНИ кои ќе ја претворат вашата тераса во МИРИСЛИВА ОАЗА – сега е идеално време за садење

Ако имате дури и најмал балкон, сега е совршено време да го претворите во агол полн со арома, вкус и здравје! Рузмаринот, жалфијата и мајчината душица се три растенија кои успеваат во саксии, не бараат многу внимание, а можете да ги користите постојано во јадења, природна козметика и за зајакнување на имунитетот. Еве како да ги одгледувате и да ја искористите нивната моќ на најдобар можен начин.

Сè повеќе луѓе ги претвораат своите тераси во мали зелени оази. Освен како декоративни растенија, билките не само што мирисаат и изгледаат убаво, туку имаат и повеќекратна употреба. Ако сакате да го споите убавото и корисното, засадете рузмарин, жалфија и мајчина душица овие три медитерански растенија што можете да ги одгледувате дури и на најмалата тераса или прозорец.

1. РУЗМАРИН – растение на концентрација и вкус

Рузмаринот е зимзелено растение кое успева во саксии, го сака сонцето и добро толерира суша.

Се користи како зачин за месо, компири, леб и супи.

Исто така е одличен за правење природен тоник за коса го стимулира растот и ги зајакнува корените.

Можете да го берете преку целата година, само редовно кастрете го за да ја одржите грмушката бујна.

Совети за садење:

На рузмаринот му е потребна дренажа (чакал на дното од саксијата) и целосно сонце. Наводнување умерено, не премногу често.

2. ЖАЛФИЈА – природен антисептик и зачин

Жалфијата е исклучително корисна, ароматична и отпорна билка.

Можете да ги исушите листовите и да ги користите за да направите чај кој ги ублажува болките во грлото и го смирува желудникот.

Сервирајте го со печење, тестенини или како додаток на ароматично масло.

Има антибактериски и смирувачки својства се користи и во природната козметика.

Совети за садење:

Жалфијата сака суво и сончево место, и важно е да има добро дренирана почва. Откако ќе се прими - практично е неуништлив.

3. МАЈЧИНА ДУШИЦА – мала, миризлива моќница

Мајчина душица е ситна, но исклучително моќна билка.

Во готвењето се користи за супи, печено месо, зеленчук и маринади.

Чајот од мајчина душица помага при кашлица и респираторни инфекции.

Нејзиното есенцијално масло има силно антисептичко дејство.

Совети за садење:

Бара сонце и што е можно помалку наводнување. Можете да ја одгледувате и во висечки саксии, а лесно се шири и се размножува.

Рузмаринот, жалфијата и мајчината душица се вистинскиот избор ако сакате вашата тераса да биде простор што мириса, лекува и збогатува вашата кујна. Не само што ќе ви го разубават секојдневието, туку секогаш ќе имате при рака природни сојузници за здравје и добар вкус.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk