logo
logo
logo

Најдоброто место за живеење во оваа земја на ЕУ, платата е 5.000 евра....

Vecer | 27.12.2024

Најдоброто место за живеење во оваа земја на ЕУ, платата е 5.000 евра....

Списанието „Travel“ објави листа која ги содржи земјите од Европа во кои луѓето живеат најдобро и најдолго.

Луксембург е на врвот на листата, а Австрија и Данска се на второто и третото место.

Листата содржи земји со најдобар баланс помеѓу работата и животот. Магазинот направи рејтинг врз основа на неколку фактори, како што се просечниот број на работни часови неделно, должината на одморот, квалитетот на спиењето, очекуваниот животен век и општото чувство на среќа и задоволство.

Луксембург е на прво место, благодарение на високиот животен стандард. Една од причините за тоа е системот кој ги наградува постарите вработени со дополнителни денови за одмор, работниците над 55 години имаат просечно 36 дена платен годишен одмор.

Воедно и просечната плата во Луксембург е околу 5.000 евра, а повеќе од 65 отсто од жителите имаат сопствен автомобил. И покрај малата популација од околу 600.000 луѓе, квалитетот на животот во оваа земја се смета за еден од најдобрите во Европа, пренесува медиумите

На второто и третото место се Австрија и Данска, кои на своите вработени им нудат минимум 25 дена платен одмор годишно. Интересен е податокот е дека на листата се и Соединете американски држави. Посебно што  САД се на крајот на листата, на 87. место, бидејќи немаат законска регулатива за годишните одмори и постои големо незадоволство кај луѓето таму.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk