logo
logo
logo

Најдобра земја за семејства и воспитување деца

Vecer | 03.02.2026

Најдобра земја за семејства и воспитување деца

Ново истражување открива која држава е најсреќно место за иселениците и најдобра дестинација за воспитување деца. Анализата опфаќа голем број фактори, вклучувајќи ја стапката на криминал, квалитетот на здравствената заштита, образованието и просечните приходи.

Секој година голем број луѓе ја напуштаат својата татковина во потрага за подобар живот. Некои бараат помала корупција, некои подобра клима, додека некои настојуваат да пронајдат среќа каква што не оствариле во својата земја. За оние кои бараат најдобро место за одгледување деца, Норвешка се покажала како непогрешлив избор. Оваа скандинавска земја е прогласена за најсреќна дестинација за иселениците, со што го потврдува статусот на идеално место за нов почеток и квалитетен живот.

Ново истражување на компанијата за миграција Умзуг-365 вклучи низа фактори за да одреди која земја е најдобра за семејствата што се селат. Анализата опфаќала 20 различни параметри, а Норвешка го зазема првото место со вкупна оценка 71,73 од можни 100 поени.

Резултатите не се изненадување за оние запознаени со високиот животен стандард што оваа земја им го нуди на своите граѓани. Дури 94% од семејствата што живеат во Норвешка изјавиле дека се задоволни од својот живот, што е дури за 11% над европскиот просек од 84,7%.

Оваа земја може да се пофали со исклучителен квалитет во здравствената заштита.

Стапката на смртност на мајките во оваа земја е за 81% пониска од европскиот просек, кој изнесува 6.88, на 100.000 живородени деца, додека во Норвешка изнесува 1, 31. Исто така, децата во Норвешка се најчесто здрави со стапка на смртност од 0,31 за возраст до 15 години, што на родителите им дава дополнителна сигурност и мир.

Жителите на Норвешка исто така уживаат во долгиот живот, со оглед што просечниот животен век изнесува 83.3 години, што е значително повисок во однос на европскиот просек од 80,5 години. Според „Светскиот извештај за среќа“(World Happiness Report) од минатата година, Норвешка се најде на седмото место во светот. Овој постојан пласман потврдува дека не станува збор за случајност, туку за резултат на системското вложување во квалитетот на животот на сите граѓани.

Според овој извештај, Финска го зазема првото место со вкупна оцена 67,79, додека Данска го зазема второто место, Исланд е трет, а Шведска е на четвртото место. Со тоа нордиските земји ја потврдија својата доминација како најпожелни дестинации за живот и одгледување деца. Обединетото Кралство се најде на 23-тото место, додека САД паднаа на најниската позиција досега и го зазедоа 24-тото место. Двете земји се рангирани после Израел кој се најде на осмото место и покрај конфликтите во регионот.

На дното на листата како најнесреќна земја повторно се најде Авганистан, а потоа следат Сиера Леоне, Либан, Малави и Зимбабве.

Македонија, според овој извештај за 2025 година, се најде на 86-тото место, додека од земјите во регионот, Србија е на 31-вото место, БиХ на 56. место, Хрватска е рангирана како 72-ра а Словенија е 19-та.

https://www.happierlivesinstitute.org/2025/03/20/the-top-25-happiest-countries-in-2025-plus-our-four-favourite-findings-from-the-2025-world-happiness-report/

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk