logo
logo
logo

НАЈДОБРИОТ ЗАЧИН ЗА СЛАБЕЕЊЕ е вкусен, а го забрзува метаболизмот како машина

Vecer | 24.09.2022

НАЈДОБРИОТ ЗАЧИН ЗА СЛАБЕЕЊЕ е вкусен, а го забрзува метаболизмот како машина

Овој зачин со векови се користи во источната народна медицина и со добра причина – научно е докажано дека има позитивен ефект врз телото на безброј начини, а еден од нив е тоа што помага при слабеењето.

Главниот предуслов за губење на телесната тежина и вишокот маснотии од телото е забрзувањето на метаболизмот. Кога тоа ќе се случи, мастите почнуваат да се топат и телото ги користи сопствените резерви за енергија, а во тоа можат да ви помогнат многу вкусни подароци на природата кои делуваат на тој начин што го подобруваат метаболизмот, го намалуваат индексот на телесна маса и обемот на половината и колковите.

Еден од најпопуларните во последните години секако е – куркумата, моќен зачин кој може да се користи на многу начини.

Повеќегодишното тревно растение куркума (лат. Curcuma longa) потекнува од тропска Јужна Азија и припаѓа на семејството на ѓумбирот.

Вообичаено, ова растение, познато и како „индиски шафран“, се користи како зачин, а спроведени се и многу научни истражувања кои го докажале неговото благотворно дејство врз здравјето. Неговата главна активна состојка е алкалоидот куркумин, кој му ја дава својата карактеристична жолта боја, а содржи и јаглехидрати, минерали, протеини, есенцијални масла и смола, кои заедно го подобруваат ефектот на куркуминот.

Покрај тоа што е корисна за здравјето поради повеќе причини, научно е утврдено дека куркумата може да игра важна улога во процесот на слабеење.

 

Kurkuma

 

Студиите на животни покажаа дека куркуминот може да промовира губење на тежината, да го намали растот на маснотиите, да го контролира зголемувањето на телесната тежина и да ја подобри чувствителноста на инсулин.

Понатаму, 30-дневна студија од италијански експерти во која учествуваа 44 луѓе кои претходно не успеале да ослабат, покажа дека двапати дневно суплементација со 800 мг куркумин и 8 мг пиперин доведува до губење на тежината, намалување на индексот на телесна маса и помал обем на половината и колковите.

И не само тоа - прегледот на 21 научна студија, со примерок од вкупно 1.600 луѓе, го поврза внесот на куркумин со губење на тежината и подобрување на сите параметри поврзани со губење на маснотии, а исто така беше забележано дека по неговото консумирање расте нивото на адипонектинот, хормон кој помага во регулирањето на метаболизмот.

Притоа, куркумата не е скапа, па со самото тоа овој зачин е многу достапен начин за забрзување на слабеењето.

 

Kurkuma

Како се користи куркумата за слабеење?

Еден од најпопуларните начини е да направите чај од куркума, а се што треба да направите е да истурите шолја или две вода во тенџере и да ја доведете до вриење, а потоа да додадете малку куркума кога ќе зоврие. Можете да додадете и цимет, кој исто така е ефикасно природно средство за слабеење, па сè добро измешајте и пијте топло.

Друг начин е да додадете куркума во јадењата, најчесто оризот, но исто така е многу вкусен кога се користи при подготовка на десерти, да речеме во чиа пудинг.

Друга опција е млекото од куркума. Се што ви треба е да го загреете млекото на средна температура околу 6-7 минути, потоа истурете го во шолја и додадете една лажичка куркума во прав, па сè добро измешајте.

Сепак, имајте на ум дека куркумата не е магичен прав и нема многу да ви помогне доколку продолжите со доцните вечери и нездравите навики во исхраната. Доколку направите некои промени во вашето мени и начин на живот, тие дефинитивно ќе ви бидат од голема помош и ќе ви го забрзаат метаболизмот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk