logo
logo
logo

Наглите температурни разлики НЕ СЕ ДОБРИ ПО ЗДРАВЈЕТО - ЕВЕ НЕКОЛКУ СОВЕТИ

Vecer | 28.03.2025

Наглите температурни разлики НЕ СЕ ДОБРИ ПО ЗДРАВЈЕТО - ЕВЕ НЕКОЛКУ СОВЕТИ

Наглите температурни разлики негативно влијаат врз здравјето на човекот, а според лекарите, засегнати се и хронично болните, но и работоспособните луѓе, децата, па дури и доенчињата, информираа денеска лекарите од кумановската општа болница.Температурните шокови поизразени се во пролет, отколку во есен, а повеќе ги чувствува женската популација, отколку мажите – изјави д-р Нора Господинова – Николовска, специјалист по интерни болести во општа болница Куманово.

Температурните разлики негативно влијаат врз кардиоваскуларниот систем, респираторниот ги влошуваат постоечките состојби како што е мигрената, а имаат влијание и врз менталното здравје. Температурните разлики во самиот ден и преку ноќта, преодот од зимско кон пролетно време предизивикуваат варијации во кардиоваскуларниот систем, што резултира со покачен крвен притисок.

Температурните разлики водат до нарушувања на имуниот одговор, односно го намалуваат, што доведува до зголемување на инфекциите. Студеното време води ги стеснува крвните садови, ја отежнува работата на срцето кое треба да работи понапорно, да пумпа повеќе крв. Истражувањата покажуваат покажале дека инфарктите настануваат точно кај такви температурни варијации – изјави д-р Господинова-Николова.

Оние кои веќе имаат дијагностицирани проблеми треба редовно да ја земаат пропишаната терапија. Дел од пациентите во овој период во пролет се жалат на малаксаност, замор, нарушен сон, без некоја конкретна здравствена причина.

Организмот веќе е исцрпен од зимата кога имало намалено внес на витамини, краткиот ден и ниските температури водат до нарушување во зрачењето на невротрансмисиите како што серотонин и мелатонин што води до нарушување на сонот нарушување на времетраењето и квалитетот на сонот до несоница преку поспаност – вели специјалистот по интерни болести.

Скратувањето на еден час од преодот од зимско кон летно сметање на времето предизвикува краткорочни последици како што се вртоглавица, подолготрајни главоболки, варијации на крвниот притисок.

Советувам внимателен избор на облеката, наредно зголемен внес на овошје и зеленчук заради зголемен внес на витамини зголемени внес на течноста, доволно време за спиење и важна е умрената физичка активност-како што е пешачењето е клучно за одржување на здравјето – вели докторката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk