logo
logo
logo

Над 50.000 луѓе досега му оддадоа почит на папата во базиликата Свети Петар

Vecer | 24.04.2025

Над 50.000 луѓе досега му оддадоа почит на папата во базиликата Свети Петар

Од 11 часот вчера до 11 часот денеска повеќе од 50.000 луѓе се собраа во базиликата Свети Петар за да се простат од починатиот папа, соопшти прес-службата на Ватикан.

Поради огромната редица луѓе кои чекаат, базиликата, која првично требаше да се затвори на полноќ, остана отворена до 5:30 часот утрината, пред повторно да ги отвори вратите во 7 часот.

Телото на 88-годишниот Френсис, кој почина во понеделникот во неговата резиденција Санта Марта по мозочен удар, вчера беше пренесено во базиликата Свети Петар во погребна поворка.

Над 170 делегации, вклучително и шефови на држави и влади, се очекува да пристигнат од целиот свет на погребот в сабота. Церемонијата ќе се емитува и на телевизија ширум светот.

„Едно поглавје во историјата на црквата е затворено“, изјави Герхард Лудвиг Милер, германски кардинал познат како конзервативец кој ќе биде еден од учесниците на конклавата на која ќе се избере 267. поглавар на Римокатоличката црква, во интервју за италијанскиот дневен весник „Ла Република“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk