logo
logo
logo

Над 17 години затвор за Американец, кој удара, гази и плука постара жена, зашто била Азијка

Vecer | 01.12.2022

Над 17 години затвор за Американец, кој удара, гази и плука постара жена, зашто била Азијка

„Денес го затвораме поглавјето за едно од најнасилните и најшокантните злосторства од омраза што сме ги виделе во округот Вестчестер“, рече окружната обвинителка Миријам Рока, според Си-Ен-Ен.

Тамел Еско (42) се изјаснил за виновен за нападот во септември. Тој е осуден на 17,5 години државен затвор, а по ослободувањето ќе биде под петгодишен надзор. На видео снимката од инцидентот, кој се случил на 11 март, може да се види Еско како прво ја нарекува 67-годишната жена која поминала покрај него „азиска кучка“.

Жената потоа влегува во нејзината станбена зграда и ги става клучевите во вратата, а Еско ја следи и ја удира со тупаница во главата. Откако 67-годишната жена паднала на земја, Еско ја удрил повеќе од 100 пати, ја газел и плукнал. По нападот, жртвата имала крварење во мозокот и повеќекратни скршеници на лицето.

„Поради злобата и омразата на Тамел Еско, местото каде што живеев повеќе од 24 години повеќе не е мојот дом, местото каде што ги одгледав моите ќерки. За време на нападот си помислив: „Те молам, Боже, пушти ме да живеам , те молам. На ќерките им требам“, вели жртвата.

„Бев бездушно плукна, претепана и клоцана над 100 пати од потполен странец само поради моето потекло. Мојата единствена надеж е дека Бог и системот на кривичната правда ќе се погрижат ова никогаш да не му се случи на друго невино семејство“, додаде таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk