logo
logo
logo

На Волстрит соборен негативен рекорд од 1978 година

Vecer | 18.12.2024

На Волстрит соборен негативен рекорд од 1978 година

Дау Џонс падна за 0,61 отсто на 43.449 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,39 отсто на 6.050 поени, а индексот Насдак падна за 0,32 отсто на 20.109 поени. Така, Насдак се лизна од рекордно високо ниво, додека Дау Џонс падна деветти ден по ред, период што не е забележан од 1978 година.

Инвеститорите се претпазливи бидејќи вчера започна дводневната средба на лидерите на ФЕД, а нивните одлуки ќе бидат објавени денеска. Инвеститорите ќе бидат фокусирани и на нивните нови макроекономски прогнози, како и на прес-конференцијата на претседателот на централната банка Џером Пауел, јавија американските медиуми. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk