Учествуваа неколку стотици велосипедисти и рекреативци од Кочани и од други градови, кои на овој начин оддадоа почит и испратија порака на солидарност и сеќавање на жртвите.
Со една од групите на велосипед беше кочанскиот градоначалник Влатко Грозданов. Од Паркот на Револуцијата велосипедистите се упатија кон Оризари, пошто поминаа низ Прибачево, Грдовци, Мојанци, Подлог и покрај местото на трагичниот настан – „Пулс“, по што турата заврши повторно во Паркот на Револуцијата.
Настанот е дел од тридневната програма за одбележување на годишнината од трагичниот пожар во кој животот го загубија 63 млади лица, а над 200 се повредени.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата