logo
logo
logo

На тинејџер од САД му ги ампутирале рацете и нозете, откако добил симптоми на грип

Vecer | 14.09.2023

На тинејџер од САД му ги ампутирале рацете и нозете, откако добил симптоми на грип

Кон средината на јуни, момчето развило треска проследена со гадење и повраќање, а на 30 јуни итно било пренесено во болница поради срцев удар, пренесува Индипендент.

Во детската болница во Вандербилт му била дијагностицирана пневмонија и синдром на стрептококен токсичен шок, поради што му откажале органите.

Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) го дефинираат синдромот на стрептококен токсичен шок како ретка бактериска инфекција која резултира со септичен шок, откажување на органите и потенцијална смрт. Апаратот ECMO овозможил да се испумпува крвта надвор од телото на Матијас, што помогнало да заздрават срцето и белите дробови, но нозете и рацете морале да бидат ампутирани бидејќи снабдувањето со крв до органите било нарушено.

- Понекогаш кога ќе добиете грип, тој ве подготвува за бактериска инфекција. Повеќето деца дури и тогаш не се разболуваат како Матијас, оваа состојба е исклучително ретка кај децата - вели Кетрин Бојл, доцент по медицина на педијатриска интензивна нега во детската болница Вандербилт.

Страницата GoFundMe собрала 243.000 долари од целта од 500.000 долари.

Се дознава дека момчето на 12 јули било симнато од терапијата со ЕКМО, откако состојбата почнала да се подобрува, а моментално е на интензивна нега во детската болница. На 21 јули родителите донеле тешка одлука да му се  ампутираат екстремитетите.

- ЕКМО му го спаси животот спасувајќи ги органите, но екстремитетите не добиваа доволно крв. Откако разговаравме со лекарскиот тим и ги исцрпивме сите опции, на 21 јули донесовме тешка одлука да му ги ампутираме нозете под коленото и рацете над лактот, велат родителите.

Семејството на Матијас се надева дека нивниот син, кој трчал крос кантри, играл фудбал и свирел клавир, наскоро ќе може да ја напушти болницата со нови протетски екстремитети.

- Му реков дека ќе бидеме негови раце и нозе додека не го решиме сето ова - рекол неговиот татко Едгар Урибе.

Родителите со скршено срце го опишаа својот син како борец со неукротив дух и срце полно со љубов. Матијас, велат тие, сака да студира на МИТ (Технолошки институт во Масачусетс) за да може да има позитивно влијание врз светот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk