logo
logo
logo

На прозорецот често ви слетуваат птици – Ова воопшто не е случајно, обратете внимание дали е гулаб или врапче

Vecer | 21.01.2026

На прозорецот често ви слетуваат птици – Ова воопшто не е случајно, обратете внимание дали е гулаб или врапче

Ако сте забележале дека на терасата или прозорецот често ви слетуваат птици, според фенг-шуи тоа воопшто не е случајно. Оваа древна кинеска филозофија која се занимава со протокот на енергија во просторот, птиците ги гледа како силни симболи на промена, порака или добри вести. Нивното присуство во близина на вашиот дом ги толкува како знак дека во вашиот живот е покрената позитивна енергија.

 Во многу култури птиците симболизираат слобода и врска помеѓу природата и човекот. Во фенг-шуи нивната улога е уште поизразена, особено кога ќе слетаат на прозорот или на балконот - места преку кои, како низ влезна врата, влегува и излегува животната енергија. Кога птицата ќе се задржи токму таму, се верува дека таа најавува нови промени, нови прилики и важни пораки кои доаѓаат во вистински момент.

Многу доживеале слична сцена во раните утрински часови или предвечерието, додека домот е тивок, врапчето или гулабот мирно слетуваат на оградата од терасата или прозорската штица. Некогаш само набљудува, некогаш пее, но неговото доаѓање остава впечаток. Фенг-шуи ваквите моменти ги поврзува со заштитата на домот и почеток на нова животна фаза, особено ако истата птица често се враќа.

Според ова учење, птиците се гласници на добри вести, но само ако просторот е уреден, светол и отворен за нова енергија. Иако постојат и сосема практични причини поради кои птиците одбираат одредени места за одмор, фенг-шуи нагласува дека нивното често доаѓање има подлабоко значење, домот непрекинато комуницира со околината.

Значењето дополнително се разликува според видот на птицата. Врапчињата симболизираат радост и семејни вести, гулабите - мир и емотивна стабилност, а ластовиците најавуваат благосостојба и среќа. Затоа, следниот пат, кога птица ќе слета на прозорецот или балконот, застанете за момент, можеби ви пристига добра вест. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk