logo
logo
logo

На овие луѓе им е најбитно да ве легнат: Сексот со нив е незаборавен!

Vecer | 12.03.2021

На овие луѓе им е најбитно да ве легнат: Сексот со нив е незаборавен!

Луѓето во овој хороскопски знак се познати по своите вештини во креветот. Впрочем, тие се најсексуалниот знак во зодијакот, а сексот со нив е незаборавно искуство.

Секако, станува збор за Скорпиите.

Скорпијата сосема оправдано ја носи титулата „најдобар љубовник“. Тие се безмилосни и бескрупулозни, како во секојдневието, така и помеѓу чаршафите.

Доколку решат да ве заведат, нема да знаете што ве снашло. Нивниот неодолив, магнетски шарм ги прави фасцинантни и опасни љубовници.

Скорпијата не бира средства за да ја оствари целта. Честопати манипулира за да ве вовлече во креветот, а кога веќе еднаш ќе се најдете таму, тешко дека ќе излезете од него.

Најчесто ги етикетираат како луѓе со најголем сексуален апетит во зодијакот. Нивната хипнотичка привлечност ги прави уште понеодоливи. Ретко кој може да одолее на шармот и харизмата на една Скорпија.

Навистина треба да држите „чекор“ со нив во креветот. Потребна ќе ви биде добра кондиција и многу имагинација.

Тие се практично ненаситни, имаат навистина валкан ум, сакаат сексуални игри со менување улоги, перверзни зборови и секси долна облека.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk